Северна Македонија во светот
Денот на независноста на Република Македонија се одбележа и во Астана, Казахстан. Во рамките на прославата на 25 годишнината на независноста на Република Македонија во Астана реализиран е проект во чии рамки се одржаа концерти на групата „Синтезис“, свечен прием, предавање на директорот на Директоратот за билатерални односи со воневропски држави при министерството за надворешни работи на Република Македонија Ненад Колев на Универзитетот KAZGUU, отворање на македонско катче во Националната академска библиотека на Република Казахстан,  како и дегустации на македонски вина. 
    kaz1
По повод 25 годишнината на независноста на Република Македонија, амбасaдата на Република Македонија во Астана во соработка со асоцијацијата КАЗ-МАК, во периодот од 1 – 8 септември оваа година организираше проект, поддржан и од Министерството за Култура на Република Македонија, под наслов „Денови на Македонската Култура во Казахстан“. 
Во рамките на проектот во градовите Алмати и Астана беа организирани: заеднички концерти на реномираната македонска етно група „Синтезис“ со симфонискиот оркестар при Казахстанската државна филхармонија во Алмати и со Академскиот симфониски оркестар при Филхармонијата на градот Астана. На 6-ти септември се одржа и свечен прием со присуство на дипломатскиот кор, претставници на државни институции, претставници од бизнис заедницата како и македонски граѓани кои живеат и работат во Република Казакстан.
kaz2
Исто така, се одржа и предавање на директорот Ненад Колев на KAZGUU Универзитетот во Астана. Во рамките на работната посета на директорот Ненад Колев, оствари средба со Заменик министерот за надворешни работи Роман Василенко и со Ермукамбет Конуспаев, заменик директор за економска дипломатија при МНР на Казакстан.
казколев предаванје
Воедно, се отвори и Македонско катче при Националната Академска Библиотека на Република Казахстан во Астана каде беа донирани 135 тома македонска литература на повеќе јазици, како подарок од Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје. За крај, се одржа и дегустација на македонски вина со присуство на најголемите компании за дистрибуција на вина, како и претставници на ресторани и хотели од Алмати и Астана.
makedonsko katce biblioteka

Конзуларни услуги