Северна Македонија во светот

На 16 септември 2016 година Амбасадата на Република Македонија во Варшава по повод одбележувањето на 25 години од Денот на Независноста на Република Македонија – 8ми септември, организираше прием за дипломатскиот кор акредитиран во Варшава, претставници на полските државни институции, општините, бизнис заедницата, како и за претставници на македонската заедница која живее и работи во Полска.

varsh1

Во поздравното обраќање пред присутните високи гости, Вршителот на работи во Амбасадата, Горица Атанасова Ѓоревска, се осврна на суштинското значење кое полско-македонските билатерални односи го имале врз севкупните достигнување на Република Македонија во изминатиот четврт век од независноста, почнувајќи од меѓународното признавање и афирмирање како суверена Држава во светските организации во почетокот на 90-те години па се до денес кога уживаме континуирана и активна поддршка од Република Полска за постигнување на нашите надворешно политичките стратегиски приоритети – членство во Европската Унија и НАТО.

Заклучи дека постојат историски епизоди во меѓусебните односи кои емотивно ги поврзуваат полскиот и македонскиот народ, како и блискост на полето на политичката, економската, културната и туристичката соработка, кои сме одлучни да ги надградуваме и негуваме во иднина. 

 

Конзуларни услуги