Северна Македонија во светот

На 8 септември 2016 година, македонската амбасада во Париз ја прослави 25 годишнината од независноста на Република Македонија. Во оваа пригода, Вршителот на работите и Личен претставник на Претседателот на РМ за Франкофонија, Габриел Атанасов, во излагање пред гостите од француските институции, дипломатскиот кор, претставници на УНЕСКО и Меѓународната организација на Франкофонијата, како и претставници од дијаспората, го истакна значењето на 8 септември-денот кога во 1991 година, македонскиот народ го избра патот на независноста.

14483859 10209468785173261 836478273 n

Оер- Атанасов-Тимоније

„Со гордост можам во оваа прилика да истакнам дека и покрај предизвиците со кои се соочувала државата во изминатиот период, денес, Република Македонија е млада демократија, со отворена пазарна економија, изградено мултикултурно и мултиконфесионално општество во кое малцинствата уживаат широки права”, истакна Атанасов.

Осврнувајќи се на европската перспектива, посочи дека Република Македонија има јасно зацртана ориентација а тоа е европската интеграција. За земјата не постои подобра алтернатива ниту проект од европскиот кој со интегрирање на земјите од нашиот регион би се заокружил. Изрази очекување дека ЕУ ќе даде конкретен позитивен сигнал за интегрирање на нашата држава и земјите од Западен Балкан посебно во актуелните услови кои Брегзит ги наметна. Оттука се заблагодари на француската поддршка произнесена на Париската конференција, на 4 јули, на која највисокото француско раководство потврди дека проширувањето ќе продолжи.

14518301 10209468784893254 2016052128 n

Во оваа насока, Атанасов упати благодарност за континуираната француска поддршка, редовните средби на сите нивоа и посебно ангажманот на г. Филип Дурон, претседателот на француско-македонската група за пријателство во Националната Асамблеа и пратеник од Калвадос, кој беше присутен на настанот. Посебна благодарност беше упатена и до поранешната француска амбасадорка кај нас, Лоренс Оер и новиот француски амбасадор Кристијан Тимоније, кои беа почесни гости на приемот.

Конзуларни услуги