Северна Македонија во светот

На 29 септември 2016 година во црквата Св. Матеус во Стокхолм, во организација на Амбасадата на Република Македонија во Кралството Шведска се одржа Хуманитарен концерт за помош на семејствата погодени од поплавите кои се случија на 6-ти август во регионите на Скопје и Тетово.

Stokholm - humanitaren koncert1

На концертот настапија македонскиот гитарист Дарко Багевски и женскиот хор Св. Злата Мегленска. Пред присутните на концертот се обрати Амбасадорот на Република Македонија во Шведска, Александра Наќева Ружин која информираше за последиците од поплавите и искажа голема благодарност за донациите и за финансиската поддршка за одржување на настанот во престолнината на Шведска

Stokholm - humanitaren koncert2

Покрај хуманитарната димензија на настанот, врвните настапи на гитаристот Дарко Багески и женскиот хор Св. Злата Мегленска овозможија претставување на македонската музичка уметност во Шведска. Настанот го проследија претставници од дипломатскиот кор, шведски и меѓународни институции и организации, академијата и македонската дијаспора во Стокхолм.

Конзуларни услуги