Северна Македонија во светот

На 12 септември 2016 година во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм се одржа прием по повод 25 годишнината од осамостојувањето на Р. Македонија, на кој се обрати Амбасадорот на Република Македонија во Шведска, Александра Наќева Ружин.

Stokholm1

Амбасадорот Наќева Ружин во своето излагање се осврна на историските околности кои доведоа до референдумот на 8-ми септември 1991 година и формирањето на независна македонска држава при што истакна дека со тоа беше остварен идеалот на претходните генерации Македонци за формирање на независна држава. Во излагањето таа ги нагласи предизвиците со кои се соочи земјата на патот на етаблирањето како самостојна држава и во остварување на аспирациите за полноправно членство во Европската Унија и НАТО, како и успесите и постигнувањата на Република Македонија во изминатите 25 години.

Stokholm2

Во однос на соработката помеѓу Република Македонија и Кралството Шведска, Амбасадорот Наќева Ружин истакна дека двете земји споделуваат исти вредности и идеали и во изминатите 25 години билатералните односи се карактеризираат со блиска соработка и пријателство, при што изрази уверување дека досегашниот тренд на продлабочување на соработката помеѓу двете земји ќе продолжи и во иднина.

На приемот присуствуваа голем број високи претставници на дипломатискот кор во Стокхолм како и претставници на шведските државни и локални институции, академските институции, меѓународни организации, шведското цивилно општество и македонската дијаспора во Шведска.

Конзуларни услуги