Северна Македонија во светот

Првиот резидентен амбасадорот на Република Македонија др. Андријана Цветковиќ ја  освои првата наградата  Grand Prix на дипломатскиот конкурс за фотографии  “Јапонија низ очите на дипломатите” кој го огранизира Министерството за надворешни работи на Јапонија, а под покровителство на Нејзиното Империјално Височество Принцезата Такамадо.

ambasador-640x360

Овогодинешниот конкурс е 19-ти по ред, и на истиот се натпреваруваа 500 фотографии од 100-тина дипломати од 150 земји, при што фотографијата на Амбасадорот Цветковиќ насловена “Кругот на животот” беше избрана како најдобра.

Свечената церемонија за доделување на наградите се одржа на 04.10.2016 година, на која присуствуваше и Нејзиното Империјално Височество принцезата Такамадо, која е почесен претседател на Жирито и на овој културно-дипломатски настан.

На амбасадорот Андријана Цветковиќ наградата и беше врачена од страна на поранешниот Министер за надворешни работи и син на еден од најистакнатите јапонски премиери, екселенцијата Хирофуми Накасоне. Вестта за освоената награда на амбасадорката Цветковиќ беше објавена на социјалните мрежи на јапонското министерство, како и беше медиумски покриена од сите поголеми јапонски весници, при што нашата земја секогаш беше претставена со уставното име-Република Македонија.

andrijanacvetkovik

На свечената церемонија Амбасадорот Андријана Цветковиќ се обрати пред присутните заблагодарувајќи се за доделената награда  на почесното жири,  при тоа го елаборираше значењето на наградената фотографија. Истакна дека името “Кругот на животот” на одреден начин го симболизира постојаното повторување историјата со  конфликти и страдања во светот, и изрази надеж дека ќе се стави крај на таквите историски циклуси и дека со помош на меѓусебно поврзување на нациите и културите човештвото ќе навлезе во нов круг на репетиција кој ќе биде круг на љубовтта, почитта и разбирање преку културната размена.

slikaambasador

Доделената награда на амбасадорот Андријана Цветковиќ е од големо значење за подигнувањето на визибилитетот на Република Македонија во Јапонија, имајќи предвид дека на настанот присуствуваа претставници на империјалното семејство, многу амбасадори, како и еминентни фигури од политичкиот, општествениот и бизнис секторот во Јапонија.

ambasador3

Останатите награди беа доделени на амбасадорот на Германија, заменикот шеф на Мисија на САД (наградата ја прими Амбасадорот Каролајн Кенеди), амбасадор на Гватемала, Канада и Тонга.

“Јапонија низ очите на дипломатите” е годишна изложба на фотографии направени од страна на членовите на дипломатскиот кор во Јапонија, која датира уште од 1998 година. Оваа година на изложбата ќе бидат претставени фотографии од 72 дипломати од 42 земји, секоја од нив претставувајќи уникатна перспектива на Јапонија. Изложбата ќе биде отворена од 4-ти до 10-ти октомври 2016 година во Токио, по што истата ќе пропатува низ земјата и ќе се одржи и во Нагоја, Кобе и Хокаидо.

kerkatanakenedi-1

Амбасадорот Андријана Цветковиќ во придружба на јапонската принцеза Такамадо (лево) и Ќерката на Кенеди, амбасадорот на САД во Јапонија Каролин Кенеди (десно).

 

Конзуларни услуги