Северна Македонија во светот

Република Македонија се претстави на Меѓународниот саем за туристички патувања кој се одржа во Варшава во периодот од 14 до 16 октомври 2016 година). Амбасадата на Република Македонија во Варшава во соработка со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот имаше успешно претставување со свој штанд во павиљонот определен за Балканските држави каде беше промовирана Македонија како туристичка дестинација, а посетителите имаа прилика да пробаат и традиционална македонска храна.

Megjunaroden saem - Varsava1

Во рамки на саемот беше одржан и настан за промоција и дегустација на македонските вина кои ги престави главниот уредник на познатото списание за вино „Magazyn Wino“, Томаш Пранж Барчијњски. Македонскиот штанд и презентацијата на вина побудија значителен интерес кај присутните посетители на саемот. Настанот беше дел од активностите на македонската амбасада во Варшава за промоција на Македонија како туристичка дестинација во Полска.

Megjunaroden saem - Varsava2

Конзуларни услуги