Северна Македонија во светот

Македонски компании успешно се претставија на годинешното издание на најголемиот светски саем за прехрана и прехранбени производи СИАЛ кој се одржа од 16-20 октомври во Париз.


Pariz image1

Учеството на македонските производители од Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук го организираше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со финансиска поддршка од владата на Република Македонија а Амбасадата на Република Македонија во Париз активно се вклучи во настапот на државата давајќи севкупна поддршка за што поуспешно претставување на домашната индустрија под слоганот „Вкусот на Македонија“. На овој саем со посебни штандови беа присутни и други македонски производители.

Производите кои беа понудени пред бројните странски и француски посетители вклучуваат широк асортиман на традиционални македонски производи - ајвар, лутеница, макало, полнети гамби со сирење и други конзервирани производи од овошје и зеленчук.

Pariz image2

Вршителот на работите во амбасадата на Република Македонија во Париз, Габриел Атанасов при посетата на нашите  штандови заедно со тимот од амбасадата изрази големо задоволство од македонското претставување на годинешниот саем во Париз, проширен со уште една хала, што претставува најдобра демонстрација за посетеноста и интересот во Франција за овој вид на индустрија.

Менаџерите и претставниците на нашите компании изразија задоволство од владината поддршка преку министерството за земјоделие но и амбасадата во Париз за трасирање на пат и пробивање на нашите препознатливи производи на овој важен пазар.

Pariz image3

Конзуларни услуги