Северна Македонија во светот

Амбасадорот на Република Македонија во Јапонија Андријана Цветковиќ учествуваше како член на жирито на 56-тиот Miss International 2016, што се одржа на 27.10.2016 година во Токио, во организација на јапоснката бизнис федерација New Business Conference и Меѓународната културна асоцијација, со главна цел да промовира меѓународен мир, разбирање и културна соработка, со жените во центарот на оваа идеја, на кој Цветковиќ и ја предаде наградата на Првата Придружничка - Мис Австралија, додека победник на 55-тиот избор на Miss International беше претставничката на Филипини.

miss1

Miss International 2016 е еден од најпрестижните избори за мис во светски рамки, кој прв пат се одржал во 1960 година во САД, додека од 1968 година е спонзориран од јапонската Меѓународна културна асоцијација. Слоганот на овој светски значаен настан е „Мир во светот” и „Промовирање на заемно разбирање”, чија мисија е поттикнување на пријателските односи меѓу народите и нивно поврзување преку културната размена.

Учесничките од различни земји претставуваат „Амбасадори на мирот и добрата волја”, кои имаат за цел продлабочување на културните врски меѓу земјите кои ги претставуваат. Поддржан е од Министерството за надворешни работи на Јапонија, Министерството за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија, јапонската Агенцијата за туризам, Меѓународната културна асоцијација, како и други значајни бизнис корпорации.Настанот има особено значајна економска и културна димензија, земјаќи предвид дека во едномесечниот претстој на претставничките од различни земји во светот во Јапонија се организираат бројни настани во различни области.

miss2

Во рамките на изборот за Мис беше организиран Меѓународниот бизнис форум за жените насловен „Жените можат да го променат светот” организиран од Меѓународната културна асоцијација и Tokyo New Business Conference. На настанот на кој учествуваа повеќе од 70 претставници од различни земји во светот, пригодно обраќање имаше амбасадорот Андријана Цветковиќ, како и други успешни жени бизнис претприемачи, кои ги споделија своите искуства и визија за улогата на жената во општеството и светот како целина. Амбасадорот Цветковиќ зеде учество и во работната група организирана во рамки на Меѓународниот бизнис форум за жените, на која стана збор за придонесот на жената во равојот на економијата и начинот на кој жените претприемачи треба да напредуваат во општеството.

Жирито го сочинуваа истакнати личности од културната, образовната и бизнис сфера на светско ниво, меѓу кои Акеми Шимомура, претседател на Меѓународната културна асоцијација и јапонската New Business Conference, Хиројуки Такахаши, претседател на најголемата туристичка агенција во Јапонија JTB Corp., Џунко Кошино најпознатата жена моден дизајнер на Јапонија, Марико Бандо претседател на Showa Women’s University и др. Амбасадорот Цветковиќ одржа и завршен говор на церемонијата пред присутните гости и учесничките.

Конзуларни услуги