Северна Македонија во светот

На 1 ноември 2016 година во Амстердам се одржа промоција на македонски винарии, меѓу кои се претставија винариите „Далвина“, „Камник“, „Еземит“, „Попова Кула“, ИМАКО, „Стоби“, „Тиквеш“ и винаријата „Попов“. На настанот се обрати Амбасадорот на Република Македонија во Кралството Холандија Игор Попов, кој во обраќањето се осврна на богатата и вековна традиција на производство на квалитетно вино на територијата на Република Македонија,  напредокот на македонските производители на вино кои во последната декада, со поддршка на Владата на Република Македонија, станаа еднаков партнер со најреномираните производители на вино во светот, освојувајќи бројни светски признанија и награди.

Promocija vina Holandija3

На дегустацијата учествуваа околу 80  холандски увозници и експерти, кои дадоа високи оценки и позитивни критики за сите осум производители кои учествуваа на Дегустацијата (Master Class).

Promocija vina Holandija2

Настанот беше поддржан од холандскиот Центар за промоција на извозот од земјите во развој (CBI), МЗШВ на Република Македонија, Здружението на производители на вино од Република Македонија (Wines of Macedonia); Амбасадата на Република Македонија во Хаг, а главен организатор беше холандската специјализирана компанија за промоција на вино - Mellman Communications од Лајден.

Promocija vina Holandija1

 

Конзуларни услуги