North Macedonia in the World

На 30 септември 2016 година во Токио, амбасадорот на Република Македонија во Јапонија Н.Е. др. Андријана Цветковиќ и претседателот на Медицинското корпорациско тело „Кен Ику Каи” г-н Сецуо Такекава потпишаа Меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и оваа реномирана медицинска установа. 

14590421 1175254345878041 7587986457693953677 n

Меморандумот за соработка беше потпишан во просториите на болницата „Такекава” што е дел од Медицинското корпорациско тело “Кен Ику Каи”, на која специјален гостин беше г-н Такао Макино, член на Горниот дом на јапонскиот Диет и поранешен парламентарен заменик Министер за надворешни работи на Јапонија, со чија поддршка е реализирана предметната соработка.

Потпишувањето на Меморандумот е уште еден успех на полето на здравствената дипломатија, со кој се овозможува континуираната професионална едукација и обука на доктори од Република Македонија во Медицинското корпорациско тело „Кен Ику Каи” во областите од заеднички интерес и експертиза.

Врз основа на потпишаниот Меморандум во месец октормври 2016 година доктор од Република Македонија оствари едномесечна професионална обука по рехабилитација во болницата „Такекава”, со што се овозможува понатамошно доусовршување и пренесување на стекнатите нови знаења и експертиза во македонскиот здравствен систем.