Северна Македонија во светот

Во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Виена вчера беше отворена ликовна изложба на познатиот париски сликар по потекло од Македонија, Омер Калеши, насловена: Омеровите глави на животот. Во присуство на уметникот изложбата ја отвори амбасадорот на Република Македонија во Австрија Василка Попоска Треневска.Во своето обраќање амбасадорката Попоска Треневска укажа дека во речиси шест децениското творење, сликарот Калеши остана верен на своите корени, а во неговото богато творештво централен мотив отсекогаш беше човекот, потенцирајќи дека предоминантен сликарски мотив на Омер Калеши се човечки глави како симбол на човековиот дух.

FullSizeRender

Сликарот Омер Калеши е роден во Кичево од мајка македонка и татко албанец. Кон средината на 50-те години од минатиот век, семејството Калеши се сели во Истанбул, Турција каде Омер завршува ликовна академија, а од 1965 година чивее и твори во космополитскиот Париз, каде со своето творештво завзема значајно место во сликарската колонија во градот на Сена.

Пред љубителите на ликовната уметност во Виена, Омер Калеши се претстави со 24 свои дела кои по завршетокот на изложбата ќе бидат подарени од авторот на родната Македонија и ќе станат составен дел на богатата збирка слики на Националната галерија во Скопје.

Конзуларни услуги