Северна Македонија во светот

Генералниот конзулат во Солун ја претстави туристичката понуда на Република Македонија на најголемиот саем за туризам во Грција – ,,Филоксениа“, што се одржа од 18-ти до 20-ти ноември 2016 година.

 

maja solun

Во таа прилика, бизнис заедницата и јавноста можеа да се запознаат подетално со центрите за бањски и здравствен туризам во Република Македонија, но и со другите туристички потенцијали со кои располага земјата, како и можноста за субвенционирање на странскиот туристички промет.

Паралелно, најпознатиот наш туристички центар Охрид беше во фокусот на конференцијата ,,Ребрендирање дестинации“. За искуствата и стратегиите на оваа тема говореа претставници на локалните власти и туристичките сојузи од Охрид, Солун, Белград, Пловдив и Едрене, а при тоа, се укажа на значењето, една туристичка дестинација да има свој посебен идентитет, а се говореше и за начините за развој и промоција на брендот и можностите за понудување регионални туристички пакети за странските туристи од далечните пазари.

Конзуларни услуги