Северна Македонија во светот

Хорот ,,Мелодиум“, под диригентска палка на Марина Коруновска настапи на Меѓународниот фестивал на мјузикли на 22-23 април 2017. во Солун, во организација на Генералниот конзулат. Фестивалот, што се одржува седма година по ред под покровителство на грчкото Министерство за култура е уникатен културен настан, прифатен од хористите од целиот свет. Од неговото основање, посветен е на промоција на мир, пријателство, братство, соработка и солидарност меѓу народите. 

Melodium 1

Покрај ,,Мелодиум“, на отворениот простор на Римската агора во центарот на градот учествуваа и хорови од Грција, Швајцарија, Бугарија, Србија, Кипар и Турција. Нашите хористи се претставија со македонска традиционална песна, додека вечерта во преполната концертна сала изведоа делови од светски познати мјузикли.

Melodium 3

Конзуларни услуги