Северна Македонија во светот

Во Амбасадата на Република Македонија во Париз, на 11 мај, се одржа Македонска вечер организарана од Националниот Институт за ориентални јазици и цивилизации ИНАЛКО во Париз и Амбасадата.

IMG 3611

На настанот кој што беше координиран од лекторот по македонски јазик на ИНАЛКО, Борче Арсов, студентите по македонски јазик во Париз се претставија преку читање поезија и проза од наши автори на македонски јазик и преку музичка изведба на македонски народни песни.

Во организацијата и подготовката на програмата покрај лекторот Арсов беа вклучени и студентите-македонисти, Фроса Пејовска-Бушро, шеф на катедрата по македонски јазик, Александра Николовска-Сондермајер, предавач на Институтот како и Габриел Атанасов, Вршителот на работите во Амбасадата на РМ во Париз.

1.4

На настанот присуствуваа гости од македонската дијаспора, многумина француски пријатели и љубители на македонскиот јазик. Покрај уживањето во изведбата на студентите –македонисти, присутните имаа пријатна можност да пробаат и дел од македонската традиционална кујна на коктел организиран од страна на Амбасадата.

Конзуларни услуги