Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров на 6 јули 2017г. се сретна  со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак –Томиќ.

Sredba so amb. na Srbija 01

МНР Димитров ја искористи оваа прилика уште еднаш да упати  честитки за ново  именуваниот претседател на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ , со желби за успешна работа која ќе допринесе за подобрување и содржинско надградување на  билатералната комуникација и соработка на двете Влади. Во разговорот на МНР Димитров со амбасадор Дивјак-Томиќ акцентот беше ставен на актуелниот статус на билатералните односи и севкупната соработка. Воедно беа разменети  мислења за актуелните регионални теми, надворешно - политичките приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји, како  и за можностите за унапредување на економската соработка како еден од есенцијалните сегменти за развојот и стабилноста на двете земји и регионот.

МНР Димитров, изрази очекување дека севкупната соработка со Република Србија и во иднина ќе бележи позитивен тренд, а добрососедските односи ќе се унапредуваат во интересот на стабилноста, просперитетот и европската интеграција на Регионот.

Конзуларни услуги