Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров на 6-ти и 7-ми јули 2017г. учествуваше на Глобалниот форум во Варшава во ко-организација на Атлантскиот совет и Полскиот институт за меѓународни односи.

IMG 3093

На форумот покрај високите политички претставници, учествуваа и претставници на академски институции и тинк-тенкови активни во сферата на безбедноста, транс-атлантските односи и релевантни геополитички прашања.

Во фокусот на настанот беа модалитетите за зајакнување на транс-атланското партнерство со цел надминување на растечките регионални и глобални безбедносни предизвици, поврзани со тероризмот, нелегалната миграција и организираниот криминал.

МНР Никола Димитров се обрати на панел-дискусијата посветена на трансатлантизмот во ерата на глобална нестабилност. Во обраќањето тој се осврна на местото на Регионот во актуелниот геополитички контекст. "Балканот, географски не е на европската периферија, туку на периферијата на политичкото внимание. Во моментот ни е потребна таргетирана дипломатија и зголемено внимание. Геополитиката се враќа на Балканот. Како и во природата, вакумот не се толерира, туку бара вклученост и ангажман."Низ справувањето со кризата, една од лекциите што ги научивме е да ги сфатиме реформите и функционирањето на институциите сериозно. Нашиот случај може да послужи како поука  за  нашите партнери - ЕУ и НАТО што е апликативна за целиот регион: што се случува кога една земја е оставена предолго да чека зад затворени врати без перспектива. Ние мораме да се обединиме околу европските вредности, за да не ни заминат младите и најспособните во Европа"

IMG 3092

Министерот Димитров го искористи престојот во Варшава да оствари прва средба со министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски. Полскиот министер во изјава за јавноста после средбата го поздрави ангажманот на новата влада на полето на внатрешната стабилност и добрите односи со соседите и потврди дека Полска ги поддржува напорите на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО.

MNR RM MNR Poland

MNR RM MNR Poland 02

МНР Димитров оствари средби и со претседателот на Комисијата за надворешни прашања во полското собрание (Сејм) Гжегош Схетина, Дејмон Вилсон и Јан Бжежински од Атлантскиот совет и со директорот на Полскиот институт за меѓународни односи, Славомир Дебски.

На Форумот учествуваше и Претседателот на САД Доналд Трамп, кој со тоа ја оствари својата прва европска посета, во Полска. Оваа година, ко-организатор на Глобалниот форум е Европската Иницијатива на трите мориња (Балтичко - Црно - Јадранско море).

Конзуларни услуги