Соопштенија

Работна посета на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров на Република Австрија.

(Денеска), министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, престојуваше во работна посета на Виена на покана на австрискиот шеф на дипломатијата, Себастиан Курц. Фактот што посетата е една од првите билатерални посети на МНР Димитров на ЕУ земјите членки, надвор од соседите, претставува потврда повеќе за силните врски на пријателство и соработка меѓу двете земји и нации.

Dimitrov Kurc 01

Во разговорот со својот австриски колега, министерот Димитров се заблагодари за конзистентната и отворена поддршка на нашиот пат кон членство во ЕУ, истакнувајќи дека Австрија претставува еден од најважните ЕУ пријатели на Регионот. Во таа смисла, Димитров посебно ја нагласи потребата од постигнување на суштински исчекор во процесот на интеграција на Регионот во ЕУ, и тоа на двете страни - завршување на домашната задача на самите земји аспиранти, но и внесување на нова динамика во процесот на интеграција од страна на земјите членки. Република Македонија на овој пат, е решена, преку посветена работа, да понуди што е можно повеќе аргументи на своите Европски партнери и да претставува позитивен пример за европската перспектива на целиот Регион. Брзото враќањето на интегративниот воз за Брисел назад на шините е од клучно значење, а Македонија може да биде новиот светол момент на овој макотрпен пат, заклучи Димитров.

Dimitrov Kurc 02

Австрискиот министер Курц потврди дека Австрија останува силен поддржувач на европската иднина на Македонија, поздравувајќи ги заложбите на новата реформска Влада на Република Македонија за темелни реформи во клучните области, како и политиката на отворен и позитивен однос со своите соседи. МНР Курц ја охрабри Владата да продолжи со ваквите чекори.

Разговорите на двајцата шефови на дипломатиите опфатија и теми поврзани со миграцијата и унапредувањето на билатералната соработка, а беа размененети мислења и за актуелни политичко-безбедносна теми во нашиот регион и пошироко.

Во рамките на својата работна посета на Виена, министерот Димитров оствари средби и со претседавачот на Комисијата за надворешнa политика во австрискиот Национален Совет, Јозеф Чап и членови на комисијата, со претставници на Комората на индустријалците на Австрија, Георг Капш, а даде и интервју за австрискиот весник „Die Presse”.

Конзуларни услуги