Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес беше домаќин на Џули Бишоп, министер за надворешни работи на Австралија. Ова е прва официјална посета на австралиски министер за надворешни работи на Република Македонија.

Dimitrov Bishop 03

Министрите Димитров и Бишоп ги разгледаа најзначајните апсекти од билатералната политичка, економска и друг вид соработка и ја потврдија заемната подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог и давање нов квалитетен импулс во соработката. Во таа насока, беше разговарано за конкретни иницијативи во повеќе области кои би придонеле за диверзификација на соработката.

Dimitrov Bishop 05

Министерот Димитров ја запозна својата колешка Бишоп со активностите на новата македонска Влада, со акцент на надворешно-политичките приоритети насочени кон враќање и зацврстување на позицијата на Република Македонија како важен и кредибилен партнер на меѓународната заедница, придвижување кон ЕУ и НАТО интеграцијата, градењето доброседски односи и водењето активна регионалната соработка.

Dimitrov Bishop 10

Министерот Бишоп изрази поддршка за правецот трасиран од новата Влада на Република Македонија, изразувајќи подготвеност Македонија и Австралија во претстојниот период да ја интензивираат меѓусебната соработка во повеќе области од заемен интерес, пред сè, на политички и економски план, во областа на безбедноста и борбата против глобалниот тероризам, културната соработка и договорната состојба. МНР Бишоп посебно ја истакна благодарноста на Австралија за значајната улога на бројната македонска заедница во Австралија во збогатувањето и развојот на современата австралиска култура, општество и економија.

Dimitrov Bishop 08

Министрите разговараа и за важноста од зацврстување на мултилатералната соработка, а разменија и мислења за актуелни надворешно-политички теми од регионите на Југоисточна Европа и Југоисточна Азија.

133772378

Во рамки на посетата на Република Македонија, министерот Бишоп беше примена од претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери и од претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев.

 

Конзуларни услуги