Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на 14 јули оствари работна посета на Светата Столица.


Dimitrov Vatikan 01

Во разговорите со својот домаќин, секретарот за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер, централно место зазеде перспективата на билатералните односи кои повеќе од две децении се одраз на пријателство, меѓусебна почит и нераскинливи историски врски преку важни личности и настани. Во таа насока, беше констатирана проактивната улога на Република Македонија во промовирањето на меѓурелигискиот дијалог и почитувањето на верските слободи и нејзиното искуство во негување на разноликост и соживот. МНР Димитров воедно го запозна соговорникот за приоритетите и целите на новата Влада, актуелниот општествен контекст, амбициите во однос на европските и евро-атлантските интеграции, како и во однос на развивање на изразени пријателски врски со соседите.

Dimitrov Vatikan 02

За време на средбата беа разгледани можностите за интензивирање на секторската соработка меѓу двете земји преку низа предлози и иницијативи кои би можеле да внесат засилена динамика во меѓусебните релации, пред сè, во сферата на културата, размена на искуства во заштитата на културно-историското наследство, образованието и здравството.

Dimitrov Vatikan 03

Конзуларни услуги