Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес на работна средба ја прими директорката за Западен Балкан во британскиот Форин Офис, Фиона МекИлвам.

uk1

На средбата беше разговарано за приоритетите на македонската Влада во периодот што претстои, особено во делот на внатрешните реформи, ЕУ и НАТО интеграциите и добрососедските односи. МНР Димитров ја потврди цврстата заложба за навремено и ефикасно имплементирање на реформските приоритети и зацртаните активности од Акцискиот план 3-6-9. Притоа истакна дека евро-атлантскиот пат на Република Македонија е јасно трасиран и сите ресурси се ставени на исполнување на обврските и заложбите за постигнување видлив исчекор во овој процес.

uk2

МекИлвам ја потврди поддршката на Велика Британија за реформскиот курс на македонската Влада и нејзините напори во насока на забрзување на евро-атлантските интеграции. Истакна дека и покрај започнатите преговори за Брегзит, Велика Британија ќе остане голем поддржувач на Република Македонија и земјите од Западен Балкан во нивните аспирации за членство во ЕУ и НАТО. Засилениот британски ангажман го најави со одржувањето на следниот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот Процес, чиј домаќин во 2018 година ќе биде Лондон.

 

 

 

 

 

Конзуларни услуги