Соопштенија

На  27 јули 2017 година, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров се сретна со Фаиг Багиров,  Амбасадор на Република Азербејџан во Република Македонија, со седиште во Анкара.


aze1

На средбата беа разгледани повеќе прашања од билатералните односи и соработката меѓу двете држави. Беше нагласена потребата од интензивирање на економската соработка, со цел добрите политички односи да се пресликаат и во економијата.


aze2

Министерот Димитров и амбасадорот Багиров ја потврдија заемната подготвеност за усогласување План за одржување билатерални консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на двете земји со цел натамошно развивање и проширување на политичката, економската и конзуларната соработка.

 Амбасадорот Багиров врачи честитка од МНР на Република Азербејџан, Елмар Мамадјаров до МНР Димитров и покана за негова посета Баку. 

 

 

 

Конзуларни услуги