Соопштенија

Mинистерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес оствaри средба со Андреја Стојковски, претседател на Центарот за европски стратегии – Евротинк и извршниот директор на центарот, Љупчо Петковски

sredba1

На средбата беа разгледани модалитетите и можните сфери на соработка на планот на реализацијата на нашите надворешно-политички цели. Министерот Димитров ја истакна улогата на тинк-тенковите кои работат на истражувања и следење на политики и посочи дека нивните анализи и емпириски студии можат да бидат корисни во поддршката и при креирањето на одредени сегменти од надворешната политика. 

sredba2a

 

 

 

Конзуларни услуги