Соопштенија

Македонија е важна за стабилноста на Регионот

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Република Естонија Свен Миксер (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), денес министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров учествуваше на Неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ (GYMNICH), кој се одржа во Талин.

MNR Dimitrov Gymnich Tallinn 01

Дискусиите на состанокот беа фокусирани на спречувањето и борбата против радикализацијата и насилниот екстремизам, како заеднички безбедносни предизвици за земјите членки на ЕУ и земјите кандидати.

MNR Dimitrov Gymnich Tallinn 02

Министерот Димитров подвлече дека Република Македонија и земјите од регионот ги споделуваат истите заеднички предизвици со ЕУ во однос на радикализацијата, насилниот екстремизам и тероризмот. “Интеграцијата на нашиот регион во ЕУ е исклучително важна за безбедноста на Европа. Насилниот екстремизам, радикализам и тероризам не познава граници. Затоа, нашиот заеднички одговор мора да биде единствен и целосно координиран”, истакна министерот Димитров, што беше прифатено и поздравено од другите учесници на дискусијата. Конечно, Министерот ја подвлече важната улогата на Македонија за стабилноста на регионот, која преку глобалната коалиција во борбата против тероризмот и споделувањето на одговорностите со земјите-членки на НАТО и ЕУ придонесува во глобалниот мир и стабилност.

MNR Dimitrov Gymnich Tallinn 05

На маргините на состанокот на GYMNICH, министерот Димитров оствари билатерална средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, на која Министерот го запозна Еврокомесарот за досега постигнатото во првите 100 дена од Владата на Република Македонија, кој пак го поздрави напредокот и даде поддршка на процесот, како и на европските чекори и добрососедството на новата надворешна политика. Исто така, на покана на заменик министерот на Естонија надлежен за ЕУ прашања, Мати Масикас, Министерот учествуваше и на работниот ручек со земјите-кандидати, на кој се дискутираше за политиката на ЕУ за проширувањето и статусот на реформи во земјите кандидати. Во духот на неформалниот карактер на состанокот, тој меѓу другите, оствари разговори и со колегите од Бугарија, Грција, Холандија, Велика Британија и Словенија.

MNR Dimitrov Gymnich Tallinn 03

Министерот Димитров изрази благодарност на Естонското претседателство за поддршката кон политиката на ЕУ за проширувањето, додавајќи дека оваа политика на Унијата треба да се смета како комплементарно средство на нејзината безбедносна политика и ја реафирмира заложбата на Македонија за постигнување на суштински напредок во имплементацијата на реформите, со цел отворање на патот кон отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

MNR Dimitrov Gymnich Tallinn 04

Конзуларни услуги