Соопштенија

„Сакаме да ја видиме Македонија просперитетна и успешна“ - му посака сер Алан Данкан, британскиот министер за Европа на МНР Димитров по потпишувањето на Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

2017 09 12 PHOTO 00000029

„Нашите две земји се посветени да работат билатерално и мултилатерално за да се исполни оваа визија и да се справиме со предизвиците со кои заеднички се соочуваме“ стои во Заедничката изјава за партнерство и соработка  меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.

Министерот Димитров изрази задоволство што уште една пријателска земја е подготвена да даде конкретна поддршка на реформските процеси на Република Македонија: „Ова партнерство е подеднакво корисно за двете земји – за Македонија е инспирација што зад неа стои една од најстарите демократии, а за Велика Британија потврда за нивниот несебичен ангажман за зацврстување на демократијата“. На средбата, во исклучително пријателска атмосфера беше потврдена британската поддршка за евро-атлантските интеграции на Македонија. Обединетото Кралство останува силно присутна во регионот на Западен Балкан и поддржувач на членството на земјите од Регионот во ЕУ.

Во рамки на посетата, попладнево министерот Димитров ќе земе учество на конференцијата „Британската демократија: Глобални вредности во неизвесен свет“ што ја организира престижната Вестминстер Фондација за демократија (WFD) по повод 25-годишнината од нејзиното основање.

Конзуларни услуги