Соопштенија

Република Македонија и Обединетото Кралство споделуваат заедничка визија за побезбедна, постабилна и просперитетна Европа. 

Нашите две земји се посветени да работат билатерално и мултилатерално за да се исполни оваа визија и да се справиме со предизвиците со кои заеднички се соочуваме, вклучуваќји ги тероризмот и организираниот криминал.

Нашите две земји се посветени на меѓународно признатите вредности и норми, целосно почитувајќи ги целите и принципите на Обединетите Нации. Нашите две земји се посветени на европските принципи на демократија, целосно почитување на човековите права, владеењето на правото и слободната пазарна економија.

Како дел од исполнувањето на оваа заедничка визија за поголема безбедност, стабилност и просперитет, Република Македонија ја потврдува својата определба да ги постигне стратешките цели за членство во НАТО и ЕУ. За таа цел, Обединетото Кралство ќе ја поддржи Република Македонија во спроведувањето на потребните сеопфатни реформи. Двете земји ќе работат кон тоа Република Македонија да ги постигне овие стратешки цели.

Република Македонија оддава признание на силната поддршка која што Обединетото Кралство и ја има дадено од независноста. Обединетото Кралство е посветено да ја продолжи и негува оваа поддршка преку политички ангажман и програмска поддршка. Заедно ќе работиме за да постигнеме позитивни промени во следните области:

  • Обезбедување на поддршка за реформската агенда на Македонија, особено за изградба на позитивна и значајна поделба на власта помеѓу Парламентот, Владата и судството;
  • Зајакнување и вградување на демократските норми со цел да се овозможат краткорочни и долгорочни придобивки за сите граѓани на Македонија;
  • Заеднички труд за зајакнување на владеењето на правото во Македонија и преку тоа придонес кон просперитетот на двете наши земји;
  • Справување со организираните криминални мрежи и екстремизам кои им се закануваат на двете наши земји и нивните граѓани.

 

Лондон, 12 септември 2017 година

Министер за надворешни работи на Република Македонија                                                       

 

Министер за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска         

 

 

Конзуларни услуги