Соопштенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска на средба го прими амбасадорот на Кралството Белгија во Република Македонија со седиште во Софија, Франсоа Бонтан.


MNR Belgija 4

Во таа прилика, министерот Димитров изрази задоволство од континуитетот во политичкиот дијалог и соработката меѓу двете пријателски држави, потврден и со неговата последна средба со белгискиот заменик премиер и министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, во Брисел во јули оваа година, како и средбата помеѓу Премиерите на двете земји, на маргините на 72-та сесија на Генералното собрание на ООН во Њујорк.

Министерот Димитров ја образложи и реформската агенда на Владата и посветеноста за нејзино темелно спроведување и заживување на европската перспектива на Македонија. Во таа смисла, Димитров посебно го нагласи и новиот позитивен пристап во односите со сите соседи и неопходноста од враќање на поддршката од нашите меѓународни пријатели.

Амбасадорот Бонтан ја пренесе оценката на Белгија дека промената во Македонија е очигледна и охрабрувачка, реафирмирајќи ја притоа поддршката за нашите ЕУ и НАТО интеграции.

Конзуларни услуги