Соопштенија

На 29 ноември 2017г во просториите на МНР се одржа  Тркалезна маса - Дебата на тема: „Местото на Западен Балкан во Европската унија: Перспективи за добрососедски односи”, во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Настанот беше реализиран во соработка со Институтот за европска политика– ЕПИ Скопје, Австро-францускиот центар за приближување во Европа (CFA/ÖFZ) и Меѓународниот центар за европско образование (CIFE). Истиот се одржа како продолжение на Самитот за ЗападенБалкан во Трст во рамките на  Берлинскиот процес.

IMG 20171130 131516

Воведно обраќање имаше г-ѓа Арта Точи, заменик министер за надворешни работи, а настанот го отвори Директорот на ИГИНП, амбасадорот Абдулкадар Мемеди и г-ѓа Симонида Кацарска, директор на ЕПИ. Во дебатата учествуваа истакнати истражувачи од повеќе институти во регионот, како и претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија, државни институции, невладини организации и академската заедница.

Учесниците се осврнаа на процесот на европските интеграции на земјите од регионот, посветеноста на ЕУ за поддршка на патот на Западен Балкан во Унијата, спроведувањето на претходните заложби од страна на владите на ЕУ и на Западен Балкан, клучните прашања во врска со спроведувањето на овие обврски, како и новите предизвици во евроинтегративните процеси. Во пресрет на претстојното бугарско претседавање со Советот на ЕУ, се отвори дискусија за актуелните состојби и напредокот на земјите од регионот во пристапот во Европската Унија, особено во однос на Македонија и нејзините соседи. Во заклучните согледувања акцентот се стави на подобрените добрососедски односи на Република Македонија со Република Бугарија и Република Грција, улогата на Берлинскиот Процес, како и задничките напори на земјите од Западен Балкан за што поскора интеграција во „европското семејство“.

 

 

Конзуларни услуги