Соопштенија

Министерството за надворешни работи на Република Македонија на својата веб страна објави документи, обрасци и информации од јавен карактер кои сега се достапни за пошироката јавност. Овие информации се однесуваат на работата и активностите на министерот Никола Димитров, заменик министерот Арта Точи, државниот секретар Виктор Димовски, како и за работата и активностите на Министерството.

За прв пат достапни се следниве документи и информации: Усвоени извештаи за реализација на буџет; План за јавни набавки; Правилник за внатрешна организација; Органограм за внатрешна организација;  Правилник за систематизација на работни места; Контакт информации за секој вработен; Консолидирани текстови од закони и подзаконски акти во надлежност на МНР; Обрасци што ги користат граѓаните при доставување на поднесоци до МНР и тарифници за надоместоци за издавање на реални акти; Листа на информации од јавен карактер; Правилник за внатрешно пријавување и контакт информации од овластеното лице за заштитено внатрешно пријавување; Контакт информации на офицерот за заштита на лични податоци; Листа на активни регистри што ги води МНР.

Гореспоменатите информации се достапни на официјалната интернет страна на Министерството за надворешни работи – http://www.mfa.gov.mk/

Конзуларни услуги