Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски денеска имаше средба со амбасадорот на НР Кина во РМ, г-ѓа Јин Лисјен.

 

20171204 DSEK 0172

Димовски информираше за активностите на Република Македонија на 6-тиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на НР Кина со земјите на Централна и Источна Европа (Процес 16+1). Во тој контекст беа споменати инфраструктурните проекти презентирани од премиерот Зоран Заев на билатералната средба со кинескиот премиер Ли Кечјанг. Воедно, Димовски информираше и за билатералните средби на премиерот Заев и придружната делегација, на маргините на Самитот.

20171204 DSEK 0178

Амбасадорот Лисјен ја потврди поддршката на НР Кина за имплементација на инфраструктурните билатерални проекти од интерес на Република Македонија. Воедно по повод јубилејот, пет годишнината од соработката во рамките на Процесот 16+1, го претстави документот „5-годишна листа на резултати од процесот за соработка на Кина со земјите на Централна и Источна Европа“ од 28.11.2017 година. Линк до документот

Конзуларни услуги