Соопштенија

На 5 декември 2017 година во Скопје се одржаа политички консултации помеѓу Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и на Црна Гора предводени од државниот секретар Виктор Димовски и генералниот директор во црногорското МНР за билатерални односи, Иван Лековиќ.

20171205 DSEK 0213

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи помеѓу двете држави во сите области од заемен интерес. Воедно, беше реафирмирана заедничката европска и евроатлантска определба на двете земји и подготвеноста за унапредување на соработката во оваа област и натамошна меѓусебна подршка. Во овој контекст, од црногорска страна беше реафирмирана силната поддршка за скорешно членство на Република Македонија во НАТО, како важен предуслов за зацврстување на мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион.

Двете делегации разменија мислења и за можностите за унапредување на соработката и во останатите области, а особено во областа на економијата, енергетиката, транспортот, туризмот, земјоделието, образованието и културата.

Конзуларни услуги