Соопштенија

На 5 декември 2017 година, државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски оствари средба со индонезиската парламентарна група за пријателство и соработка со Собранието на Република Македонија, чии членови престојуваат во посета на нашата земја.

20171205 DSEK 0290

На средбата заеднички беше констатирано дека постои голем неискористен потенцијал за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, пред сé во  економијата, образованието, културата и туризмот.

Воедно беше разговарано и за потребата од дооформување на договорно-правната рамка на соработката, како и за можностите за воспоставување на непосредна на соработка меѓу бизнис заедниците од двете земји.

Конзуларни услуги