Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров учествуваше на 24-от Министерски совет на ОБСЕ, кој се одржува на 7 и 8 декември 2017 г. во Виена, Австрија.

 

24 Osce Ministerial Council 01

На Министерскиот совет се дискутираше за активностите на ОБСЕ, актуелните предизвици со кои се соочува ОБСЕ регионот, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици.

 

24 Osce Ministerial Council 02

МНР Димитров во своето обраќање меѓу другото го потенцираше следново:

„Како држави учеснички на ОБСЕ имаме одговорност да направиме повеќе напори со цел да го направиме ОБСЕ поефикасно при справување со предизвиците. Истовремено, треба да соработуваме и да ја имаме пред нас во вид повисoката цел. Но пред сè, како што и Македонија научи на потешкиот начин, преку сопствената неодамнешна политичка криза, не смее да има поинаква алтернатива на нашите заеднички вредности: заштита на човековите права, основните слободи и демократските норми, економска слобода и одговорност. Вредности кои се од бенефит и за македонската демократија, како и за патот кон кој сме цврсто посветени – европска и евро-атлантска интеграција.”

24 Osce Ministerial Council 03

На маргините на состанокот, МНР Димитров оствари повеќе билатерални средби и куси видувања со претставници на ОБСЕ, како и со свои колеги и останати шефови на делегации.

24 Osce Ministerial Council 05

На средбата со новоизбраниот МНР на Кралството Холандија, Халбе Зајлстра беа разменети мислења околу реформските преземања на македонската Влада и очекувањата во поглед на европските и евро-атлантските аспирации на Македонија.

Holandija

За време на средбата со МНРЕИ на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ соговорниците разменија идеи за конкретни чекори во насока на зацврстување на регионалната соработка.

Crna Gora

Министерот оствари средба и со МНР на Република Казахстан Каират Абдрахманов, на која министрите разменија видувања околу можностите за развивање на билатералната соработка, особено во економската сфера.

Kazakstan

Министерот Димитров се сретна и со државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Сер Алан Данкан, на која беа разменети мислења за актуелните случувања во двете земји, како и за поддршката од Велика Британија за реформската агенда на Македонија и нејзиниот напредок кон НАТО и ЕУ.

Dankan

За време на средбата со ЗМНР на Кралството Шпанија и шеф на шпанската делегација, Илдефонсо Кастро Лопез, покрај за билатерланите односи меѓу двете земји стана збор и за преземањата и очекувањата на Република Македонија во однос на приклучување кон европското семејство.

Spanija

МНР Димитров го информираше новоименуваниот ЗМНР на Кралството Норвешка и шеф на норвешката делегација, Аудун Халворсен за последните чекори на Република Македонија во насока на евро-атлантско интегрирање на земјата, а беа разменети мислења и за билатералната соработка.

Norveska

Воедно министерот Димитров зема учество и на панел организиран и воден од страна на генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, посветен на улогата, перцепцијата и иднината на теренските операции на ОБСЕ, на кој беа претставени две успешни приказни – македонската и молдавската. Министерот Димитров во своето обраќање на панелот нагласи дека треба да се ослободиме од стигмата и поврзувањето на присуството на ОБСЕ мисија во земјата со кризи и потешкотии, и наместо тоа да се фокусираме на позитивните можности за соработка преку релевантни проекти од помош за земјата.

Panel 03

Panel 02

Панелот предизвика висок интерес и посетеност, а воедно понуди и можност за отворена дисксуија со присутните.

Panel 01

Конзуларни услуги