Соопштенија

Во организација на министерот за надворешни работи на Естонија С. Миксер, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров на 12 декември 2017г., во Брисел, учествуваше на работен ручек со министрите за европски прашања на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ.

Dimitrov Brisel

Дискусиите на работниот ручек беа фокусирани на перспективите на земјите од Западен Балкан на патот на интеграцијата во ЕУ, во пресрет на очекуваниот развој на настани во рамките на Унијата за време на првото полугодие на 2018г.: објавувањето на Стратегијата на претседателот на ЕК Јункер за проширувањето на ЕУ (февруари 2018); извештаите на ЕК за напредокот на земјите (април 2018) и самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија за време на Бугарското претседателство со Советот на ЕУ, во мај 2018г.

Димитров ги запозна министрите на земјите-членки со постигнувањата на Македонија во имплементацијата на внатрешните реформи и унапредувањето на добрососедските односи, како и со плановите на Владата и очекувањата во наредниот период. Ја истакнаа потребата за поддршка на Македонија од страна на земјите-членки за постигнување на долгоочекуваната цел, што поскоро отпочнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

„Имаме голема шанса за голем успех, истакна министерот Димитров“. Од земјите членки беше добиено охрабрување да се продолжи со решителност и одлучност на патот на ЕУ.

За време на престојот во Брисел, МНР Димитров одржа и брифинг за претставниците на Работната група на Советот на ЕУ надлежна за регионот на З. Балкан (COWEB) и Работната група надлежна за проширувањето и земјите кои се во преговарачки процес за членство во ЕУ (COELA). Присутните на состанокот беа информирани за најновиот развој на настани во имплементацијата на внатрешните реформи во земјава.

Image 1 2

 

Изјава на МНР Димитров

 

Конзуларни услуги