Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров денес се сретна со директорот за Јужна и Централна Европа во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт Департмент, Метју Палмер.

 

IMG 0984

Директорот Палмер упати честитки за успешното годишно претседавање на Република Македонија со Јадранската повелба и ја реафирмира силната американска поддршка на евроатлантските интеграции на Република Македонија. Палмер изрази задоволство од постигнатиот напредок на земјата во изминатите шест месеци, заснован пред се’ на крупните реформски активности на Владата, но и конструктивната надворешна политика, што значајно придонесува за забрзано отворање на перспективите за интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.

IMG 0979

Министерот Димитров истакна дека јакнењето на институциите и на демократските процеси во земјата, владеење на правото, промоцијата на културата на дијалог и компромис се дел од аргументите кои ќе ја придвижат и овозможат евроатлантската интеграција на Република Македонија. На тој пат, САД претставуваат стратешки партнер и Република Македонија се надева на натамошна проактивна американска поддршка.

IMG 0986

На средбата беа разменети мислења за актуелни теми од регионален и поширок карактер.

IMG 0968

Конзуларни услуги