Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, ја предводеше македонската делегација на состанокот на Мешовитата македонско – косовска експертска комисија за отворање на нов Заеднички граничен премин наменет за меѓународен патен сообраќај “Белановце – Станчиќ”, кој се одржа 7 и 8 февруари 2018 година во Приштина.

image3

На состанокот, двете делегации информираа за тековните активности поврзани со издавањето на одобрение за градба на заедничкиот објект на овој Граничен премин. Воедно, беше постигнат договор и за претстојните чекори кои ќе овозможат побрзо започнување со изградба на објектот кој е од значење за населението од двете страни на границата.

За време на престојот во Приштина, Димовски оствари средба и со генералниот секретар во косовското Министерството за надворешни работи Фитим Садику, како и со Алберт Вецка, Претседател на Друштвото Горани Македонци кои живеат во Косово.

Image2

Конзуларни услуги