Соопштенија

На 13 февруари 2018 година, во заедничка работна посета на Република Македонија престојуваа заменик министерот за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Чешка, Јакуб Дур и државниот секретар во Министерството  за надворешни работи на Република Словенија, Изток Мирошич.

 

20180213 DSEK 3089

Во македонското МНР, високите претставници од чешкото и словенечкото Министерство за надворешни работи, остварија средба со државниот секретар, Виктор Димовски, со кого разговараа за европската интеграција на Република Македонија и конкретните чекори што престојат во контекст на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година, објавена минатиот вторник, за интеграцијата на Македонија во НАТО, како и за внатрешно-политичката состојба во нашата земја и односите со соседите.

Заменик министерот Дур и државниот секретар Мирошич, во разговорите ја потврдија јасната поддршка од Чешка и Словенија на европската и евро-атлантската перспектива на Република Македонија.

20180213 DSEK 3171

Конзуларни услуги