Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров денес беше домаќин на неговиот украински колега, Павло Климкин, кој престојува во прва официјална посета на Република Македонија.

 

Poseta na MNR na Ukraina 03

На средбата, министрите разговараа за односите меѓу двете земји и  можностите за натамошно унапредување на билатералната соработка, особено на економски план.

Министрите ја реафирмираа заедничката визија за побезбедна и постабилна Европа и меѓусебната поддршка и соработка во остварувањето на надворешно-политичките приоритети на двете земји.

Poseta na MNR na Ukraina 04

Беше потврден интересот за унапредување на економската соработка, трговијата и деловните врски. Во тој правец, министрите ја потенцираа заедничката определба за што поскорешно потпишување на спогодба меѓу двете земји со која ќе се воведе безвизен режим за краткорочните патувања на граѓаните на двете држави, со што би се поттикнале и олесниле контактите меѓу двете земји.

Poseta na MNR na Ukraina 07

На средбата беа разменети мислења и за европските и евро-атланските аспирации и интеграци на двете земји, како и за други актуелни меѓународни прашања.

Poseta na MNR na Ukraina 09

По средбата, министрите Димитров и Климкин потпишаа Заедничка декларација меѓу Министерството за надворешни работи на република Македонија и Министерството за надворешни работи на Украина, како и Меморандум за соработка меѓу Дипломатската академија во Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатската академија „Генадиј Удовенко“ во Министерството за надворешни работи на Украина.

Poseta na MNR na Ukraina 12

Poseta na MNR na Ukraina 14

Конзуларни услуги