Соопштенија

Денеска во Белград, Република Србија, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, се обрати на конференцијата организирана по повод 10 годишнината од основањето на организацијата - Европски фонд за Балканот, посветена на промовирање на европското интегрирање на Регионот, како и на поддршка на неговиот демократски развој во духот на европските вредности.

 

Obrakanje na MNR Dimitrov 01

Дел од обраќањето на МНР Димитров:

“Денес прославуваме 10 години од основањето на Европскиот фонд за Балканот. Прилика која претставува одлична можност да се запрашаме дали денес сме поблиску до портите на ЕУ споредбено со 2008 година. Можеби уште поважно, како да ги донесеме европските вредности дома, да ги направиме нашите земји подемократски и попросперитетни? Бидејќи тоа е прашањето што нè обединува сите - и мене како Министер за надворешни работи на Република Македонија; и вредните и исклучително креативни луѓе кои работат во оваа организација. И сите млади луѓе алумни на ЕФБ, чија енергија и посветеност треба мудро да ја ставиме во функција на нашата заедничка регионална цел. Со надеж дека следниот јубилеј ќе го славиме сите заедно внатре во дневниот салон на ЕУ.”

Obrakanje na MNR Dimitrov 02

За време на конференцијата, мнр Димитров оствари повеќе средби и разговори, како со г-дин Флориан Бибер, директор на Центарот за југоисточни европски студии при Универзитетот во Грац, со г-дин Кристоф Бендер, претседател на реномораниот тинк тенк-Иницијативата за европска стабилност, како и со директорката на ЕФБ, г-ѓа Хедвиг Морваи и други реномирани учесници од различни фели.

Dimitrov Bieber

Димитров - Бибер

Dimitrov Bender

Диитров - Бендер

Dimitrov Morvai

Димитров - Морваи

Во фокус на разговорите беа претстојниот Извештај на Европската Комисија за напредокот на земјите од Регионот, како и за идните чекори во рамки на евро-интегративните процеси.

Во рамки на работниот престој, министерот Димитров даде интервју за српската ТВ Н1.

Конзуларни услуги