Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на својот грчки колега, Никос Коѕијас, учествуваше на вториот состанок во проширен состав на министрите за надворешни работи од Балканот и Вишеградската група, во таканаречениот формат „Балкан 4 плус Вишеград 4 плус“,  кој се одржа на 10 и 11 мај, 2018 година, во местото Сунио, во близина на Атина.

 

Family Photo 01

Покрај стандардниот формат од минатата година во Будимпешта, каде учествуваа министрите за надворешни работи на четирите земји членки на ЕУ од Балканот - Грција, Република Бугарија, Република Хрватска и Република Романија, плус Република Словенија, за прв пат беа поканети и земјите – кандидати од овој регион – Република Албанија, Република Македонија, Република Србија и Црна Гора, плус Босна и Херцеговина. 

Земјите од Вишеградската група беа претставени од Министрите за надворешни работи на Република Полска, Република Унгарија, Чешката Република и Република Словачка.

Главната дискусија на состанокот беше насловена „Иднината на Европа и проширувањето на Европската унија“, на која излагањa и свои видувања покрај Министрите, имаа и проминентни академици и експерти.

2018 05 11 PHOTO 00003022

Цитати од излагањето на МНР Димитров:

„За нас на Балканот, кандидатите држави, земјите аспиранти иднината на Европа, двата зборови од насловот на сесијата се речиси синоними. Кога мислиме на нашата иднина мислиме на Европа, кога мислиме на Европа се работи за нашата иднина. Ние исто така се чувствуваме и препознаваме како да се обидуваме да фатиме подвижна цел”.

„Мислам и верувам во многу историска година поради бугарското претседателство, поради различни елементи што го одново го вратија вниманието на Европа кон регионот и дека имаме можност да успееме и имаме опасност да паднеме”.

„На сите им е јасно дека членството во ЕУ нема да се случи преку ноќ, потребни се години, но треба да инвестираме политичка енергија и политички капитал во процесот што на некој начин ќе ја комплетира Европа“. “Ние сите знаеме дека гласовите околу масата некои големи некои мали  не можат да се слушнат во големата дискусија во Брисел дали за проширувањето или за иднината, ако гласовите не се блиски или унифицирани”.

„Не можеме да разговараме за консолидација на Европа без да говориме за консолидација на Балканот“.

Исто така, министрите имаа прилика да се осврнат и на прашањето околу енергетската безбедност и нејзиното значење за регионалната и меѓу-регионалната соработка.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на маргините на состанокот одржа повеќе билатерални средби и тоа со: МНР на Унгарија - Петер Сијарто, МНР на Чешката Република - Мартин Стропницки, МНР на Полска - Јачек Чапутович и со в.д. МНР на Словачка - Иван Корчок.

Dimitrov Szijjártó 01

Димитров - Сијарто

Dimitrov Stropnický

Димитров - Стропницки

Димитров Корчок

Димитров - Корчок

Димитров Чапутович

Димитров - Чапутович

На средбите со претставниците од Вишеградската група се разговараше за унапредувањето на билатералната соработка и за актуелните предизвици на Република Македонија на патот кон европската и евро-атлантската интеграција.

Дел од изјавата на МНР Димитров по завршувањето на конференцијата: 

„Факт е дека сме во најделикатната и последната фаза, факт е дека има многу прашања за кои има разбирање, тоа разбирање е врзано со крај. Значи, тоа што е договорено, не е договорено, ако не е договорено сѐ и факт е дека утрешниот ден е многу важен, неколку дена е пред самитот во Софија и наша должност е да најдеме едно решение што е можно повеќе ќе ги покрива потребите на двете страни, за да им овозможиме на премиерите прво да се сретнат, и после тоа да си подадат рака, ама мора да понудиме некакви опции, таа ни е задачата утре”. 

„Искрено чувствувам многу голема тежина и одговорност да направам се’ што можам заедно со Никос Коѕијас да изнајдеме нешто што ќе ги покрие основните... оти ние сме во една ситуација да проценуваме како нашите граѓани ќе реагираат на тоа што на некој начин условно би го разговарале и би го понудиле понатаму на највисоко ниво на лидерите и затоа тоа не е едноставна работа, бара многу чесен пристап, бара визија, граѓаните не се должни да мислат на последиците што ако нема договор, а јас искрено чувствувам и таква одговорност бидејќи гледам дека во таква состојба е Европската унија, во таква состојба е регионот. Многу е важно за нашата иднина да успееме да го надминеме ова прашање”.

„Убаво е европскиот процес да го искористиме и ние на Балканот и ние да се помириме и да си ги решиме проблемите. Нема поприродно ако нашите соседи се нашите најголеми туркачи и сојузници во таа наша цел”.

„Убаво е да се зборува не само за нас, туку и за иднината на Европа. Тоа е важно затоа што на некој начин очекуваме да се качиме на воз во движење и што се случува таму ќе влијае на нас, што се случува таму влијае колку се расположени за проширувањето”.

Конзуларни услуги