Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски,  денеска имаше обрќање на настанот организиран во МНР по повод Денот на Европската унија – 9 мај и 25-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Република Македонија и Француската Република.

 

Predavanje vo MNR Francija 7522

Осврнувајќи се на значењето на Шумановата декларација, потпишана на денешен ден пред 68 години, Државниот секретар Димовски истакна дека Декларацијата која се смета за основачки акт за воспоставување на Европската Унија, и која, несомнено има конституционален карактер - била да се спречи, односно превентивно да се делува во правец на елиминација на секоја евентуална замисла за започнување на војна.  

Воедно, Државниот секретар Димовски го истакна значењето на јубилејот кој го одбележуваме оваа година, 25 -годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Француската Република. Притоа изрази задоволство од соработката со Франција, со која во изминатиов период отворивме нови полиња на соработка и успеавме да изградиме пријателски односи. Поддршката и партнерството со Франција за нашиот евро-атлантски пат се исклучително важни за Република Македонија, и веруваме  дека следниот јубилеј ќе го славиме заедно во големото Европско семејство, истакна Државниот секретар Димовски.

На настанот јавно предавање имаше професорот по Уставно право на Универзитетот во Бордо, г-динот Ferdinand Mélin-Soucramanien, а свое обраќање имаше и Амбасадорот на Француската Република, Н.Е. Кристијан Тимоние.

Predavanje vo MNR Francija 7596

Предавањето, го ко-организираа Директоратот Дипломатска академија во МНР на Република Македонија и Амбасадата на Француската Република во Скопје, а присуствуваа претставници од дипломатскиот кор, невладини организации, како и претставници од медиумите.

EU FR 3

Конзуларни услуги