Соопштенија

Изминатиот викенд на терените на тенискиот клуб „МТП“ во Скопје, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, „Дајнерс Клуб Интернационал“ и „Дипломатскиот клуб-Скопје“, се одржа тениски турнир во двојки.

 

IMG 8173

Учество земаа околу 50-на претставници на повеќе странски амбасади акредитирани во Република Македонија, како амбасадите на САД, Кина, Русија, Велика Британија, Хрватска, Украина, Словенија, Словачка, потоа претставници од ЕУ, ОБСЕ, ЕБОР, УСАИД и од Министерството за надворешни работи,  како и претставници на македонската и меѓународната бизнис заедница.

IMG 7840

IMG 7880

На турнирот победија Ростислав Палахусинец од амбасадата на Украина и Штефан Нунер од ОБСЕ. Пригодни награди за победниците обезбедија ко-организаторот „Дајнерс Клуб Интернационал“, како и  „Алкалоид“, и „Спорт Вижн“, а турнирот го спозорираа и „Кодинг Горска “, „Ачибадем Систина“ и  „М Кар“,

IMG 8061

IMG 8151

IMG 8339

 

Конзуларни услуги