Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари средба со државниот министер надлежен за Европа во министерството за надворешни работи на СР Германија, Михаел Рот.

 

Dimitrov Roth 01

Министерот Димитров го запозна министерот Рот со текот на разговорите со Грција за разликата околу името, како и со најновите актуелности околу процесот на интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Тој ја потенцираше важноста на поддршката на нашите европските пријатели на тој пат. Во таа смисла упати посебна благодарност за досегашниот исклучително значаен ангажман на пријателска Германија и воедно истакна: „Со напредокот на Македонија во правец на градење на вистинска европска демократија, нотифициран во извештајот на Европската Комисија, имаме ретка можност да постигнеме успех. Можност која треба заеднички да ја препознаеме и искористиме”.

Dimitrov Roth 02

Државниот министер Михаел Рот го поздрави постигнатиот напредок во реформскиот процес на земјата, јасно препознаен во Извештајот на ЕК и содржаната препорака за отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Во таа насока, повтори дека Германија и натаму останува силен поддржувач на Република Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ и НАТО. Министерот Рот изрази задоволство и охрабрување за заложбите на Владата за изнаоѓање решение во разговорите со Грција.

Конзуларни услуги