Соопштенија

Вториот ден од работната посета на Хаг,  министерот Димитров го заокружи со средба со Стеф Блок, министер за надворешни работи на Холандија.

 

180515 Dimitrov Macedonia bezoekt Blok 3479

Министерот Блок го поздрави периодот на стабилност во Р.Македонија, нагласувајќи ја потребата од континуиран напредок. МНР Димитров ги образложи чекорите преземени од страна на Владата на Република Македонија на внатрешен и надворешен план, како и нивната заемна  поврзаност. Министерот Димитров нагласи дека ЕУ интеграцијата е најдобрата трансформациска алатка во поддршка на реформскиот процес. „Целосно го прифаќаме холандскиот „строг и фер“ пристап кон ЕУ интеграцискиот процес. Тоа е формула која на Република Македонија и' е потребна поради трансформација на државата во стабилна европска демократија."

180515 Dimitrov Macedonia bezoekt Blok 3490

МНР Димитров имаше обраќање и пред членовите на Комисијата за европски прашања во Парламентот на Холандија. Пред холандските пратеници, МНР Димитров нагласи дека намерата не е да се одбегнуваат  проблеми, туку истите да се решаваат. Министерот нагласи: „Во однос на ЕУ интеграцијата, поважни од прашањето „Кога?"се прашањата „Како?" и „Што?" во остварување на реформски напредок.”

Holandski parlament 02

Генералниот секретар во Министерството за одбрана, Вим Хертс, на средбата со МНР Димитров упати пораки на поддршка за НАТО членството на Република Македонија.

Dimitrov Geerts

Министерот се сретна и со Мартијн Лукасен, советникот за ЕУ прашања на Премиерот на Холандија, како и со Матијс ван дер Плас, генерален директор за европска соработка во холандското МНР.

Dimitrov Lucassen

Dimitrov Van der Plas

Конзуларни услуги