Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, денеска го прими новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Демократска Социјалистичка Република Шри Ланка во Република Македонија, Н.Е. г-дин Карунасена Хетиарачи, кој му ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување.

 

VD20180530OA 8828

Посакувајќи му успех во извршувањето на дипломатската мисија, државниот секретар Димовски изрази уверување дека амбасадорот Хетиарачи, со своето дипломатско искуство и личен ангажман, ќе даде значаен придонес во развојот на односите меѓу двете пријателски земји.

VD20180530OA 8848

На средбата, беа разгледани можностите за продлабочување на односите и унапредување на соработката на билатерален и на мултилатерален план, а беа разменети и мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и за актуелните меѓународни прашања.

Конзуларни услуги