Соопштенија

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров оствари средба со делегација на високи претставници од Фондацијата Конрад Аденауер, која престојува во Скопје во периодот од 28 до 31 мај 2018 година, како организатор на Регионалната конференција за Југоисточна Европа/Западен Балкан „Balkan Calling Europe”.

 

ND20180530OA 8919

Дискусиите на средбата беа фокусирани на интеграцијата на Западен Балкан во Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ и учеството на Македонија во оваа област.

ND20180530OA 8907

Министерот Димитров ја истакна важноста на интеграцијата и придонесот на Балканот во ЗНБП на ЕУ, како клучно прашање во заедничката борба против денешните безбедносни закани и поддршката на позициите на Унијата во нејзината надворешна политика. Исто така, ги информира присутните за активното учество на Македонија во оваа област, пред се со придружувањето на нашата земја кон декларациите на ЕУ во однос на различни меѓународни прашања, како и со учеството во мисиите предводени од ЕУ во рамките на нејзината Заедничка безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП).

ND20180530OA 8905

МНР Димитров:

„Кон декларациите и ставовите на ЕУ не се придружуваме само затоа што имаме европски аспирации. Пред сè, тоа го правиме затоа што веруваме во европските вредности, во мултилатерализмот и во меѓународниот правен поредок и цивилизациските достигнувања. Во време кога меѓународниот систем се соочува со предизвици, наша должност е да имаме јасен став“.

ND20180530OA 8891

ND20180530OA 8921

Конзуларни услуги