Соопштенија

На 06.06.2018 година во Софија, се одржа 11-тиот состанок на националните координатори од Процесот 16+1, на кој учествуваше македонска делегација предводена од Државниот секретар во МНР, Виктор Димовски. Состанокот беше фокусиран на активностите за подготовка на 7-от Самит на шефови на Влади на Процесот 16+1 кој се планира да се одржи на почетокот на јули 2018 година во Софија, Република Бугарија.

Image 1

Во своето излагање Државниот секретар Димовски, се осврна на активностите на Република Македонија во Поцесот 16+1 и во тој контекст го истакна значењето од отворањето на координативниот Центар за културна соработка на земјите од Процесот 16+1 во Скопје во март 2018 година.

Воедно ги најави претстојните активности во организација на нашата земја, состанокот на министри за култура на земјите членки на Процесот 16+1, како и петтиот по ред аналитичко истражувачки Симпозиум на високо ниво, кој ќе се одржи во септември оваа година во Скопје.

Конзуларни услуги