Соопштенија

Денес, државниот секретар во Министерството за надворешни работи г. Виктор Димовски, имаше проштална средба со Амбасадорот на Државата Катар во Скопје, Хасан Бин Абдулах Заид Ал-Махмуд.

 

VD20180607OA 8993 2

Државниот Секретар Димовски изрази задоволство од придонесот на Амбасадорот Ал-Махмуд кон унапредувањето на билатералните односи меѓу Република Македонија и Државата Катар, за време на неговиот мандат.

VD20180607OA 9001

Посакувајќи му успех на Амбасадорот Ал-Махмуд во неговите натамошни професионални активности, Државниот Секретар Димовски нагласи дека останува силен потенцијал за натамошно интензивирање на економската соработка, како и соработката во сферите на образованието, културата и туризмот, а се заложи за заокружување на договорната рамка меѓу двете земји.

Конзуларни услуги