Соопштенија

  Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија Виктор Димовски, на 11 јуни 2018 година во Сплит, учествуваше на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Централно европската иницијатива.

 IMG 291072ff0f2ba08ff129d1dff986b4b2 V

Во своето обраќање ДСЕК Димовски информира дека учеството во регионалната соработка беше еден од приоритетите на Владата на РМ во изминатиот едногодишен период, паралелно со крупните чекори на внатрешен план и унапредувањето на односите и соработката со земјите од непосредното и пошироко соседство.

 

Во овој контекст ги реафирмираше нашите заложби и придонес за реализација на приоритетите на Централно европската иницијатива - поддршка за проширувањето на Европската унија,трансфер на знаење и пренесување на искуство од предпристапниот процес и членството во ЕУ, понатаму економската соработка , соработката во областа на културата ,предизвиците на миграција и заедничките напори за безбеден, стабилен просперитетен Регион.

 

На Состанокот Министрите усвоија зедничко Комунике, кое сеопфатно ги рефлектира дискутираните состојби и перспективи на регионот.

Конзуларни услуги