Интервјуа и говори

Никола Димитров: „Нема да ги внесуваме нашите стари спорови во Европа!"

Интервју на МНР Никола Димитров за Le Figaro
Датум: 26 јуни 2018 година
Новинар: Renaud Girard
Линк: http://www.lefigaro.fr/international/2018/06/26/01003-20180626ARTFIG00253-nikola-dimitrovnous-n-importerons-pas-en-europe-nos-anciennes-disputes.php

XVM0a792d38 7945 11e8 8018 c842f2207d92

Министерот за надворешни работи Никола Димитров го коментира договорот со Грција, кој и овозможува на неговата земја да затропа на вратата на Европската унија.

Дипломиран правник по меѓународно право на Кембриџ, амбасадор во Хаг, а потоа и во Вашингтон, советник за национална безбедност, Никола Димитров сега е министер за Надворешни работи на Република Македонија. Тој многу години преговараше за да се постигне договор за помирување помеѓу Македонија и Грција. Неговата приоритетна цел сега е отворањето на пристапните преговори со Европската унија.

ФИГАРО. - На 17 јуни 2018 година : Постигнат е историски договор за помирување со Грција.

Конечно успеавме да решиме едно од оние прашања кои долго ја трујат историјата на Балканот и остануваат како трн во ногата на Европа. За година дена успеавме, со нашиот најблизок сосед, да изнaјдеме решение за да името „Македонија”, кое историјата заеднички ни го остави, да не биде повеќе предмет на спор туку дел од заедничка историја. Уште од независноста на нашата земја во 1991 година, бевме заглавени во тој спор кој не кочеше на патот кон Европа, но истиот и го надминавме.  Впрочем, како и Де Гол и Аденауер во 1963 година, така премиерите на двете земји одлучија да не ги вкусуваат кавгите од минатото туку да ја подготват иднината.  Таа иднина за нас се вика Европа. А за тоа, требаше и едната и другата страна да направат и компромиси и отстапки, да се отстранат нештата кои не разединуваат, особено болните спомени од крајот на 40-тите години на минатиот век. Во екот на крвавата граѓанска војна голем број на македонски семејства беа приморани да напуштат се во Грција. Грција сега конечно ни го признава името „Македонија” кое е дел од нашиот идентитет, под услов да го додадеме поимот „Северна”,  со кое се става крај на секоја двосмисленост во поглед на територијални претензии, а ние не го оспоруваме нивното сопствено античко минато. Тоа е духот на оваа Спогодба која треба да биде усвоена кај нас преку референдум. Неговиот исход е неизвесен но ние превзедовме одговорност пред сопствениот народ и пред Европа. Усвојувањето на оваа свечена Спогодба од стрaна на нашиот народ ќе биде доказ дека сме ја присвоиле културата на компромис. Се надеваме дека Франција и Европа ќе го поддржат тој напор за помирување овозможувајќи ни конкретна перспектива за почеток на преговори за членство во Европската унија.

„Младите масовно ја напуштаа земјата која има неизвесна иднина. Сакаме да ставиме крај на таа грешка давајќи сопствен придонес кон европската изградба".

Дали навистина верувате дека сега е погоден момент да се зборува за ново проширување на Европската унија?

Политиката е уметност на возможното, а Европа, на компромисот. За година дена успеавме да ги смириме односите со сите наши соседи: склучивме два историски договори со нашите најголеми соседи кои се и земји членки на Европската унија, најпрвин со Бугарија а потоа и со Грција, значи нема да ги увеземе нашите стари кавги во Европа. Сето ова си има своја цена, но ние си го задржуваме нашето име – кое е малку подолго, но ги задржуваме и нашиот јазик и идентитет. Горди сме на тоа и истите ќе ги однесеме и во Европа.  Нема да има иднина доколку се остане самотник во Европа. Затоа се стремиме кон статусот на земја официјален кандидат.

Зошто задоцнивте во поглед на преговорите со Брисел?

Нашата земја беше најнапредната на европскиот пат од сите земји од Поранешна Југославија, стекнувајќи го во 2005 година кандидатскиот статус за почеток на преговорите.  Потоа навлеговме во своевидна спирална изолација, потхранета од националистички наддавања која предизвика последици и во нашата внатрешна политика особено во поглед на спроведувањето на реформите.  Застранивме од патот кој води кон НАТО и кон Европската унија: надвладеаа внатрешните поделби и личните интереси. Младите масовно ја напуштаа земјата која има неизвесна иднина. Сакаме да ставиме крај на таа грешка преку давањето на сопствен придонес кон европската изградба. Работевме напорно за да изгласаме и да започнеме голем број реформи, со поддршка од Европската комисија, која ги препрозна нашите напори и препорача отворање на овие преговори. Земјите-членки мора тоа да го земат предвид на Европскиот самит на 28 јуни. Ние сметаме на поддршка од нашата пријателска Франција, која толку многу направи за мирот на Балканот. Нема да ја заборавиме; Нашата земја треба да се обнови. Ја чекаме Франција, нејзината култура, нејзиниот јазик, нејзините компании.

„Нашата идна покана за влез во НАТО ќе ни овозможи да ги отстраниме последните сомнежи во поглед на безбедноста. Поголемиот дел од соседите се наши сојузници."

PHOTO 2018 06 27 21 07 13

Какви се денес односите кои порано беа оценувани како сложени, меѓу Скопје и Тетово, меѓу централната власт и албанската заедница во западниот дел на земјата?

Кај вас е позната македонската салата, а тоа значи дека не само што сме различни туку сме и измешани. Сите народи на Балканот  се застапени заедно со македонското мнозинство кое зборува словенски јазик. Албанската заедница е нераскинливо поврзана со идентитетот на нашата земја и по бројност и по историја, но тука се и Турците, Србите, Власите и многу други. Оваа културна разноликост е нашето вистинско богатство. Овие дваесет години го најдовме патот на помирување помеѓу двете најголеми заедници кои се обединети околу заедничкиот сон: за просперитет на земјата преку нејзиното приближување кон Европа.  Нашата идна покана за влез во НАТО ќе ни овозможи да ги отстраниме последните сомнежи во поглед на безбедноста. Поголемиот дел од соседите се наши сојузници.

Засегнати сте и од мигрантската криза...

Во 2015 година, нашата земја во екот на внатрешната политичка криза,  умешно се справи со бегалската која сеуште ја тресе Унијата.  Земјата de facto стана надворешна граница на Европската унија иако не е дел од неа. Целосно ја одигравме улогата која се очекуваше од нас со ограничени и човечки и финансиски ресурси.  Нашата армија сеуште е задолжена да ги чува границите. Соочени со недозволената имиграција и со терористичките закани ние целосно соработуваме со Франција и со државите членки на Унијата и горди сме што можеме да помогнеме.  Соработката е секојдневна и конкретна. Уште подобро би соработувале доколку бидеме во можност целосно да учествуваме во изнаоѓањето на европско решение кое најверојатно е единственото кое може да се соочи со таков предизвик.

Конзуларни услуги